сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Живот и стил

Како против наглите промени на времето? Три совети кои може да им помогнат на сите кои тешко реагираат

Како против наглите промени на времето? Три совети кои може да им помогнат на сите кои тешко реагираат

Многу луѓе лошо реагираат на временските промени. Според одредени податоци, дури 40 проценти од луѓето пријавуваат замор, главоболка или несоница, кога времето нагло се менува.

Бидејќи се најавува ненадеен пад на температурата по неколку дена во пролетта, можно е овие проблеми наскоро да мачат многумина.

Сепак, здравата исхрана и вежбањето можат да го олеснат овој период.

Исхрана
Диетата може значително да влијае на расположението, но и на нервните црева. Доколку сте чувствителни, препорачливо е да консумирате свежо овошје и зеленчук. Водата позитивно влијае и на нашето тело, бидејќи придонесува за хидратација, што е исклучително важна за организмот. Покрај тоа што нè хидрира, ја регулира телесната температура и ја доведува до оптимална.

Активности и прошетки во природа
Секоја форма на фитичка активност за половина час на ден ќе го направи организмот постабилен и отпорен на временските промени.

Би било идеално ако го сторите тоа во природа на свеж воздух.
Не е важно дали сте решиле да одите брзо или некоја друга форма на активна тренинг, активностите во природа ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и да се чувствувате подобро, а исто така може да ги намалат шансите да имате главоболка.

Добар сон
Здравиот сон од осум часа е многу важен за нашето тело.

Во текот на сонот се лачат супстанци кои го намалуваат нивото на хормонски стрес, го регулира крвниот притисок, ги зајакнува сите одбранбени механизми. Важно е да заспиете пред 12 часот и да имате осумчасовен сон.

Ако страдате од несоница, обидете се да го решите проблемот со вежби за дишење, кои се дефинитивно поздрави од лекови.

Коронавирус