четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 109
home Живот и стил

Како месеците ги добиле своите имиња?

Како месеците ги добиле своите имиња?

Современиот календар сме го превземале, односно наследиле од Римјаните кои првобитно имале 10 месеци во годината, а таа почнувала во март, што им било логично на сите бидејќи почнувала пролет и нов циклус на будење на природата.

Отприлика 700 години пред новата ера, римскиот владетел по име Нум Помпилус решил да ја исправи таа празнина и додал 2 месеци во календарот.

ЈануариJanuarius (латински),  го добил своето име по Јанус, римски бог на влезот, капијата, вратата, почетокот и крајот. Јанус има две лица, секое на една страна од главата за да може да гледа и на почеток и на крај што се случува.

Февруари: Februarius (латински), името потекнува од терминот  Februa, ритуал на прочистување, кој се одржувал на 15 февруари.

МартMartius (латински), го добил името по Марс, римскиот бог на војната.

АприлAprilis (латински), на латински значи се отвара: го добил оваа име бидејќи во тој период цвеќето расцветува.

MajMaius (латински), наречен по божицата Маја, заштитничка на растенијата и нивниот раст.

Јуни: Junius (латински), наречен по божицата Јунона. Нејзнин симбол бил паун, а јуни е месец на разнобојни цвеќиња.

Jули: наречен по Гај Јулие Цезар.

Август: наречен по Август Цезар, првиот римски император.

СептемвриSeptem (латински), значи седум, некогаш бил седми месец во римскиот календар.

OктомвриOcto (латински), значи осум,  некогаш бил осми месец во римскиот календар.

НоемвриNovem (латински), значи девет, некогаш бил деветти месец во римскиот календар.

Декември Decem (латински), значи десет, некогаш бил десетти месец во римскиот календар