четврток, 21. септември 2023. Вести денес: 123
home Живот и стил

Како мажите да го контролираат стресот на работното место?

Како мажите да го контролираат стресот на работното место?

Во денешно време постојат голем број на извори на стрес на работното место кои понекогаш и не можете да ги избегнете. Најголемиот стрес кој што сепак го добиваме од работното место е поради строгите рокови. Шефовите и менаџерите имаат големи побарувања од вработените и затоа се појавува тој страв од неуспех. Сите целат кон тоа да се докажат и поради големиот обем на работа и неизвесноста за иднината, се јавува стресот. Покрај тоа, секојдневниот стрес прави чувство како да сте во гужва постојано, како да немате време за себе и за меѓучовечки односи и домашни фамилијарни проблеми.

Големата доза на стрес може да направи да бидете помалку продуктивни и помалку ефикасни. Во зависност од околкностите на работното место, стресот варира од блага верзија до тежок стрес. Секојдневниот стрес ја намалува вашата физичка стабилности и ментална.

Се што треба да направите е да го препознаете изворот на стресот. Дали е тоа односот со вашиот менаџер или директор или некој соработник, дали е тоа недостаток на слбодно време или пак притисокот да се заврши работата во предвиениот рок. Дознајте од каде ви доаѓа најмногу стресот и на тој начин ќе можете да го намалите или да го контролирате.

Немојте за ништо на светов да ги продавате слбодните денови. Ако останувате прекувремено на работа, ако работата ја носите дома и ако во оние малку слободни денови кои што ги имате, повторно работите, вие ќе се истрошите и ќе прегорите. Работете во нормални граници додека трае работното време и поставете си јасни граници кога станува збор за слбодното време. Можеби ќе морате да преговарате и во вашиот шеф, бидејќи вие работите за да можете да си дозволите комотен и пријатен живот, а не живеете за да работите.

Паметно трошете го слбоодното време. Направете план за нардениот викенд. Што е на ред од активности кои што ве очекуваат надвор од работата. Освен тоа одберете си ден кога ќе бидете сами со себе, кога ќе изгедате некој филм или пак ќе прочитате некоја книга. Организирајте го паметно вашето слободно време, и ако мислите дека кога сте слбодни ќе спиете се повеќе и повеќе, вие се што треба е да правите поголем број на активности кои ќе ве наполнат со позитивна енергија.

Правете пауза на работнот место на секои два часа. Прво не можете да држите постојано концентрација, затоа направете кратка пауза пред да ја загубите. Станете, прошетајте се, истегнете се, разговарајте со некој колега и сл.

Многу важна работа која што треба да ја имате на ум е дека треба да ги исполнувате своите цели. КОга сте под стрес, многу е тешко некоја работа да ја направите како што треба. Затоа имајте добар план, направете го првиот чекор и тргнете кон исполнување на вашата цел. Така на тој начин ќе се чуствувате како вистински маж!