сабота, 8. август 2020. Вести денес: 23
home Живот и стил

Како да препознаете дека ви недостасува железо?

Како да препознаете дека ви недостасува железо?

Причините за недостаток на железо во нашиот организам често се поврзани со неадекватна исхрана, болести на цревата, а често недостатокот на железо се јавува и кај трудниците во текот на бременоста и за нив предизвикува зголемено крварење.

Симптомите кои можат да укажат на тоа дека имаме недостаток на железо се контанстен замор, бледило на лицето, губење на здивот, главоболка и вртоглавици, забрзано чукање на срцето, сува и оштетена кожа и коса, отекување и болка во крајниците и устата, синдром на немирни нозе (постојано цупкање со нозете), анксиозност, болни менструации кај жените и студени стопала и раце.

Ако ги чувствувате овие симптоми, тоа што треба прво да направите е да посетите лекар и да направите крвна слика.

За да го надминете ваквиот недостаток, важно е да го снабдувате телото со овој минерал, па затоа се препорачува редовно конзумирање на црвено месо, зелен зеленчук (спанаќ и ќељ), суво овошје, мешункаст зеленчук, морски плодови, земки, житарици и овошје богато со витамин Ц.

Докажано е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо, па така докторите препорачуваат редовно земање на овој витамин како додаток во исхраната.

Коронавирус