понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 2
home Живот и стил

Како да ја спречите болката во ушите при летање со авион?

Како да ја спречите болката во ушите при летање со авион?

Многу луѓе кои патуваат со авион се соочуваат со проблемот на болка во ушите, особено при полетување и слетување, поради промената на воздушниот притисок.

Има неколку начини како да се справите со оваа болка и да уживате во патувањето со авион:

– Зевајте и џвакајте што е можно повеќе за време на полетување и слетување. Може да џвакате мастика, бонбона или да шмукате лижавче.

– Набавете чепчиња за уши

– Пред полетување прснете во грлото назален спреј или деконгестант

Ако патувате со деца кои чувствуваат болка во ушите од летањето, потрудете се да ги одржите будни за да може да зеваат или да џвакаат. На бебе дајте му да пие од шишенце со цуцла.

Коронавирус