сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 22
home Живот и стил

Како да ја победите главоболката на природен начин?

Како да ја победите главоболката на природен начин?
Overworking business woman suffering from headache

Ако често страдате од главоболки, а ви се смачи од таблетите кои краткотрајно ја „блокираат“ болката, дознајте како да ја ублажите главоболката со помош на правилна исхрана.

Еден од начините да ги ублажите симптомите е да го смените начинот на исхрана. Иако постојат намирници кои поттикнуваат мигрена, постојат и такви кои ќе ви помогнат да ја спречите.

Авокадо

Авокадото е полно со хранливи материи. Богато е со антиоксиданти како што се лутеин и зеаксантин.

Не само што може да ја спречи мигрената, туку и ја смирува на подолго време.

Смокви

Смоквите се добри за нашето тело. Тие го содржат минералот калиум кој ја ублажува главоболката.

Лосос

Лососот е полн со омега 3 масни киселини и витамин Б2 кој спречува таложење на тромбоцити, процес кој е одговорен за чести главоболки.

Исто така, лососот го намалува воспалението и помага во борба против мигрената.

Морков, краставица, целер

Дехидратацијата е една од главните причини за главоболка, затоа обрнете внимание на количината на вода која ја внесувате во организмот. Овие намирници се богати со вода, а достапни се во секоја сезона.

Јогурт

Рибофлавин е дел од витамин Б, а јогуртот изобилува со него.

Сок од лимон

Лимонот е богат со витамин Ц, а за неговите лековити дејства се знае уште одамна, но треба да имате предвид дека сокот од лимон помага и во борбата против мигрена.

Паста од цимет

Овој природен лек може да го направите дома. Земете неколку стапчиња цимет, смелете ги во прав. Додајте вода и направете густа паста. Пастата нанесете ја на слепоочницата и на челото. Измијте после 25-30 минути. Оваа паста ја намалува болката на природен начин.

Извор: kajgana.mk