петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 191
home Живот и стил

Како да го заштитите вашето куче од топлотен удар и што мора да превземете?

Како да го заштитите вашето куче од топлотен удар и што мора да превземете?

Согласно високите температури во овој период од годината за да ги заштитиме милениците важно е најпрво да ги препознаваме симптомите, за потоа да им ја пружиме негата која им е потребна.

Препораки :

  • Вашиот миленик шетајте го во раните утрински часови и доцните вечерни.
  • Обезбедете му соодветно место, заштитено од сонцето доколку престојува на отворен простор.
  • Никогаш не го оставајте вашиот миленик внатре во затворено возило , па дури и кога се работи за денови со ниски температури .
  • Избегнувајте шетање по асфалт, тоа може да доведе до изгоретини на шепите на вашиот миленик.
  • Често менувајте им ја водата за пиење.

Симптоми кои укажуваат топлотен удар кај кучињата

  • Отежнато и забрзано дишење.
  • Зголемен пулс и работа на срцето.
  • Прекумерно лачење на лигавица од устата.
  • Мускулна слабост.
  • Крвава столица и нагони на повраќање.
  • Зголемена телесна температура.

Што да правите доколку вашиот миленик има топлотен удар

  • Веднаш обратете се кај вашиот ветеринар, но доколку не сте во можност однесете го во затемнета просторија каде нема да има директен контакт со сонцето.
  • Поставете ладно-мокра крпа над неговиот врат и глава (и повторувајте ја постапката повеќе пати).
  • Доколку сте во можност обезбедете црево со вода кое што ќе тече низ неговиот абдомен.
  • Колку што е можно побрзо посетете го вашиот ветеринар.

Локални избори 2021