четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Живот и стил

Како би требало да звучат говорите на матичарите во 21 век?

Како би требало да звучат говорите на матичарите во 21 век?

Драги пријатели, роднини и колеги,

Денес се собравме да сведочиме на лудоста на овие двајца. Да бидеме искрени, вие не делувате како луѓе кои слушаат совети, туку си терате по свое. Но, не би ви штетело да ви дадеме неколку совети за среќен брак:

Таа секогаш е во право. И кога не е. Ако некогаш се случи да не е, а тоа многу ретко се случува, но АКО се случи, тогаш ситуацијата се поправа такашто се однесуваш како да е во право.

Тој не го слуша твоето мрчење и мрморење. Фрекфенцијата на неговите уши е поделена на прости и полупроширени реченици. Зборувај кратко, јасно и директно кажи си што сакаш.

Кога ќе се скарате, смирете се што побрзо. Нема ништо страшно во тоа да се скарате.

Не ги замарајте пријателите со вашите приказни, затоа што секако нема да ги послушате нивните совети.

Кога ќе добиете дечиња, сликајте ги, ама не мора 24/7 да ги тормозите другите луѓе со тие слики. Не дозволувајте родителството премногу да ве направи сериозни.

Дајте си простор еден на друг. Останете свои, барем доволно за да го задржите сопствениот идентитет, но не заборавајте дека заедно сте во ова. Себично чувајте го тоа што го градите, без да бидете залепени еден за друг. Наместо да си ги подарувате крилјата, одлучете заедно да летате во ист правец.

Не бидете ниту посилна, ниту поубава половина, туку трудете се да бидете одлучни во поддршката која ќе си ја давате. Покажувајте дека се грижите преку давање поддршка, а не со скратување на слободата.

Бидете љубоморни само во вашата предигра, но во играта наречена брак само љубовта нека биде во служба на заедничкиот живот.

Фокусирајте се на суштината на тоа битие кое го сакате и не доозоволувајте ништо да ја засени таа суштина.

Вечноста ќе доживеете дури откако ќе ги засакате и вашите маани. Доблестите предизвикуваат заљубување, а мааните ја создаваат љубовта.

Ви благодариме на овој прекрасен ден, не поради тоа што сте добри домаќини, туку поради тоа што кога ве гледаме вас двајца, знаеме дека има надеж за сите кои сѐ уште не го направиле тоа. Бидете вечни.

Ајде да наздравиме!