петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 114
home Живот и стил

ЈАЗИКОТ Е НАШАТА ТАТКОВИНА: Инспиративни цитати од великанот Блаже Конески кој почина на денешен ден во 1993 година

ЈАЗИКОТ Е НАШАТА ТАТКОВИНА: Инспиративни цитати од великанот Блаже Конески кој почина на денешен ден во 1993 година

Декември е месец на Блаже Конески- тој беше роден на 19 декември 1921, а почина на 7 декември 1993. Училиштата и институциите кои го носат неговото име, во негова чест, патроните празници најчесто ги празнуваат на 19 декември, но не забораваат да го одбележат и овој значаен ден.

Можеби и не постои позначајна личност за македонскиот литературен јазик, книжевноста, граматиката. Тој беше и поет и писател, професор, академик, филолог, книжевник, но и еден од кодификаторите на современиот македонски јазик, како и прв претседател на МАНУ.

Конески активно работел стандардизирањето на македонскиот јазик и ја изработува граматиката на современиот македонски јазик. Го составил и правописот на македонскиот литературен јазик, а исто така бил уредник на „Речникот на македонскиот јазик“.

Конески е основач на студиите по македонистика на Скопскиот универзитет. А во периодот од 1958 до 1963 бил ректор на универзитетот.

Во 1967 станува член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и е нејзин прв претседател (до 1975). Исто така бил член на Македонскиот ПЕН центар и еден од основачите на Друштвото на писателите на Македонија во 1947 година и негов прв претседател.

Работел како уредник на литературните списанија „Нов ден“ и „Македонски јазик“, а бил и редовен соработник на списанието „Современост“.

Ова се некои од најпознатите цитати на Конески:

-Јазикот е нашата татковина.

-Послушајте Макеоднци! Јазикот е единствената наша татковина. Се‘ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски- ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште.

-Два конца парај од срцето драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави траги, другиот копнеж и светол и стрвен.

-Убавите жени, несреќните жени, тие брзо прецутувале, како цут од кајсија, како мајски јоргован.

-Какви порази сме морале да издржиме, какви срамови, какви поруги. Боже, умот дури ми се свртува.

-Не иди, зашто жалосна би била, и колку да те копнеам – се ледам.

-Смирноста е мудра, страсноста е глупа. Ќе седнам во паркот на некоја клупа.

Коронавирус