среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 183
home Живот и стил

Јас не одев во градинка, мојата баба ме научи сѐ за животот

Јас не одев во градинка, мојата баба ме научи сѐ за животот

Се отвораат сѐ повеќе модерни градинки и училишта кои на децата им нудат враќање кон природата и „вистинските вредности“: дрвени играчки, задолжителна музика и музички инструменти, физичка активност, развивање на фантазијата… Сите тие нудат интелигентни начин за поминување на времето за децата кои се (или би требало да бидат) неисцрпен извор на фантазии, идеи и инспирација.

Овие институции на некој начин се одговор на фактот дека денешните деца наместо топка во рацете имаат мобилни телефони, наместо да скокаат, тие седат на лап-топ, наместо да размислуваат и да создаваат, тие пасивно гледаат и слушаат.

Сите тие активности во овие градинки ме потсеќаат на она што мојата баба некогаш ме учеше. За мојот брат, сестра и за мене, таа никогаш не беше баба, затоа што бабите секогаш ги замислувавме како неговани и тивки стари дами. Таа беше цврста, строга, бистра и имаше остар јазик. Вистинска баба.

Се потпишуваше со прст, не знаеше ниту да чита, ниту да пишува, но знаеше да брои и да пресметува, па така никогаш не можеа да ја излажат во продавница или на пазар. Таа ме научи на сѐ. Готвевме, а кога правевме колачи, ми даваше да го развлекувам тестото, да си играм со брашното и да го потворувам она што таа го правеше. Тогаш тоа беше само игра, но сега сфаќам дека уште од мали нозе ме учеше да бидам независна.

Ги храневме кокошките, кучињата и мачките кои таа ги чуваше. Таа од малечка научив да сакам животни. Постојано бевме во двор или пешачевме во околината и тогаш веќе сфаќав колку е важна природата за човекот. Таа одеше многу бавно, нога пред нога, затоа што не можеше побрзо, но тоа не беше ни важно, затоа што никаде не брзавме и на крајот на краиштата, најважно беше да стигнеме.

Немав многу играчки, а тогаш сакав само една работа: дрвен коњ. Сега ми е смешно кога ќе се сетам со каква страст мечтаевме дека ќе го направиме тој коњ. Неодамна читав колку е важно детето  да не биде затрупано со секакви играчи и дека со фантазирањето се додаваат елементи кои недостасуваат, затоа што токму тогаш се активираат мисловните процеси и се развива креативноста.

Игравме „Домино“, „Не лути се човече“. Ме учеше да не се лутам кога губам, дека морам добро да размислувам за следните потези и дека ако изгубам, секогаш можеме повторно да играме. Ме носеше во црква и во времињата кога не беше во мода да се биде верник и таму палевме свеќи и си приспомнувавме за оние кои беа „на небото.“

Сега постојано читам дека најголемите газди одвојуваат значителна сума пари за да ги праќаат своите деца да учат во училишта во природа, во кои нема современи технолошки помагала. Главната причина е тоа што такви училишта ги учат децата како креативно да размислуваат. Учесниците кои постојано имаат телефон во рака, ја губат способноста за пошироко размислување и решавање проблеми. За тоа сведочат многу извештаи, кои велат дека образовните системи кои многу вложиле во технолошка опрема не доживеале некакво значително подобрување во резултатите од тестовите по читање, математика и наука.

Секое дете би требало да има баба како мојата, која умее и да те забавува и да те научи и која не може да биде заменета од ниту една градинка!

Коронавирус