понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 32
home Живот и стил

Ја славиме Света Ксенија: Денеска запалете свеќа и помолете се, секоја желба ќе ви биде исполнета!

Ја славиме Света Ксенија: Денеска запалете свеќа и помолете се, секоја желба ќе ви биде исполнета!

Денеска е Преподобна Ксенија Римјанка.

Ксенија потекнуваше од римско аристократско семејство. Во семејството го доби името Евсевија. Сакајќи да ја омажат, родителите подготвија свадба, но Евсевија тајно го напушти домот и заедно со две свои поранешни слугинки, го започна монашкиот подвиг на островот Коа. Таму и се нарече Ксенија, што значи туѓинка. Подоцна, сите три се преселија во карискиот град Милас. Таму останаа до крајот на своите земни животи. Грижливо чуваната тајна на преподобна Ксенија, поранешната Евсевија, ја откри една од нејзините сестри после нејзината смрт, зачувувајќи го на тој начин ова чудесно сведоштво за Црквата Христова.

Со оглед на тоа дека станува збор за светителка која цел живот се борела за правотот на жените сами да одлучуваат што ќе прават со својто живот, Ксенија и денеска се смета за заштитничка на поубавиот пол.

Затоа дамите денеска би требало да се воздржат од било каква работа, посебно врзана за куќата.

Наместо тоа во чест на оваа светителка би требало денот да го поминат во природа и одмор, како и задолжително да свратат до црква и да запалат свеќа во нејзина чест.

Се верува дека желбата која ќе биде замислена во моментот додека се молат на Света Ксенија, сигурно ќе биде исполнета.

Коронавирус