понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ја силувале и ја малтретирале зошто е дебела: „Отидов на операција за да ослабам, па од животот си направив пекол“

А потоа факултетот ми донесе нови предизвици. Во текот на првите две недели ме силуваа двајца момци. После нападот ми беше многу тешко да се сносам со последиците, а единствен начин на кој можев да ги потиснам чувствата беше – храната, вели несреќната девојка.
Ја силувале и ја малтретирале зошто е дебела: „Отидов на операција за да ослабам, па од животот си направив пекол“

Лиа Кини раскажува како после борбата со вишокот на килограми, се одлучила да оди на операција која не и ја вратила самодовербата.

-Се започна од основно училиште, а до средно, не само што го мразев своето тело, туку веќе и се срамев длабоко во себе. Видов како поради тоа луѓето се однесуваат поинаку спрема мене. Останатите девојки ме оговараа, а момците ме гледаа како сексуален објект кога би ослабнала, или би ме избегнувале ако останам дебела. А потоа факултетот ми донесе нови предизвици. Во текот на првите две недели ме силуваа двајца момци. После нападот ми беше многу тешко да се сносам со последиците, а единствен начин на кој можев да ги потиснам чувствата беше – храната, вели несреќната девојка.

Следува целосната нејзина исповед

Во 2011-та година со своите 120 килограми, одлучив да одам на операција, после многубројните неуспешни диети. Имав неколку опции, а се одлучив за вертикален ракав гастректонија, таа операција каде што ви смалуваат околу 80% од желудникот. Ја одбрав баш таа операција бидејќи нема никакви последици за цревата. На операција отидов во Мексико и од својот џеб платив 10.000 долари.

Недела дена пред операцијата морав да држам таканаречена тековна диета и тоа беше грозно. Меѓутоа прв пат после долго време чувствував дека постои некаква надеж. Одма после операцијата осеќав ужасни болки кои траеа одприлика две недели. Во текот на таа година после операцијата изгубив околу 45 килограми и паднав на 75. Следната година отидов на операција за отстранување на вишокот на кожа.

Сакав на сите да им се допаѓам и сите да ме фалат. Во две години добив половина изгубени килограми, а комплиментите се стопија, како и мојата самодоверба. Физички требаше да бидам многу здрава, но воопште не се чувствував како здрава. Ментално, духовно и емоционално –  бев скоро мртва. Станав опседната со храна и броење на секоја калорија, холестерол и крвен притисок останаа исто како и претходно, а што е најлошо од се – јас сама себе не се сакав.

Секое искуство со ваков тип на операција е поинакво и некои луѓе после тоа навистина доживуваат неверојатна трансформација на своето тело и здравје во позитивна насока. За мене, таа операција не беше спасоносна, туку многу лоша. Јас прво морав да зараснам одвнатре.  Храната не беше тој некој непријател кој морав да го победам, а слабеењето не беше единствен исправен пат.

Денес ми е прилично жал што отидов на таа операција. Не можам ни да ви опишам што чувствувам кога во огледало ќе си ги видам лузните на телото, ужасно ми е тешко кога ќе сфатам дека всушност сум го мразела моето тело во толкава мера и дека сум била спремна на се како би можела да се вклопам во некој нереален калап на очекуваното совршенство за женското тело. Побарав помош поради своето пореметување во прехраната и неколку години одев на терапија, а на крај ја извадив вагата од дома и почнав нормално да слабеам. И понатаму постојат луѓе кои мислат како изгледам сега, кога повторно почнав да губам килограми, тоа беше знак дека мојата операција всушност беше успешна . Но тоа не е баш тешко. Успех е тоа што престанав да се мразам самата себе си. Правиот успех е тоа што конечно сум среќна, изјавила Лиа.