четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 92
home Живот и стил

Ја „преспал“ пандемијата: Тинејџер после 10 месеци се разбуди од кома, не знае што е Ковид-19, а два пати го прележал

Ја „преспал“ пандемијата: Тинејџер после 10 месеци се разбуди од кома, не знае што е Ковид-19, а два пати го прележал

Tинејџер кој се разбудил од кома по скоро 11 месеци не знае за пандемијата од коронавирусот иако досега два пати бил инфициран.

19-годишниот Џозеф Флавил бил удрен од автомбил во Бартон, на 1 март минатата година.

Поминал месеци во кома откако имал голема повреда на мозокот, но полека почнал да закрепнува, пишува „Гардијан“.

-Тој не знае ништо за пандемијата бидејќи спиеше повеќе од 10 месеци. Неговата свест почнува да се подобрува сега, но ние едноставно не знаеме што знае тој, раскажува неговата тетка за „Гардијан“.

Тинејџерот кој тогаш ги подготвувал завршните испити на Академијата „Ферерс“ во Бартон и бил кадет за обука во подмладокот на британското воено воздухопловство, бил итно префрлен во Општата болница во Лестер, каде шест месеци лежел во кома, а потоа бил префрлен во Центарот за невролошка рехабилитација „Адерли Грин“ во Стоук.

За тоа време тој два пати имал ковид-19: еднаш додека бил во кома, и уште еднаш откако се разбудил.

Таа рече дека семејството преку видео повик се обидело да објасни дека не е во можност да биде со него лично поради ограничувања на коронавирусите, но не се обиделе да ги објаснат размерите на пандемијата.

Инаку, пред несреќата, Џо бил во одлична физичка и здравствена состојба, спортувал хокеј и крикет, едрел и скијал. Требало да ја добие наградата „Златниот војвода од Единбург“ за достигнувањата во спортот во Бакингемската палата.

ЕУРО 2020

Македонија