понеделник, 30. март 2020. Вести денес: 79
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Ја држел заробена и врзана за ланци цели 10 години: Жртвата открива детали за хоророт и како живее денес (ВИДЕО)

-Одредени мириси, прекршувањето на светлина на ланци се работите кои ме враќаат во тоа време, рекла Најт.
Ја држел заробена и врзана за ланци цели 10 години: Жртвата открива детали за хоророт и како живее денес (ВИДЕО)

Мишел Најт, една од трите жени кои Ариел Кастро ги држел заробени повеќе од 10 години во “Куќата на хоророт” во Кливленд, проговорила за борбите со кои натаму се соочува пет години по пуштањето на слобода.

Таа рекла дека е тажно, но дека на пеколот низ кој минала и натаму ја потсетуваат секојдневни работи, мириси или храна.

-Одредени мириси, прекршувањето на светлина на ланци се работите кои ме враќаат во тоа време, рекла Најт.

Човекот кој ја држел заробена, Ариел Кастро, имал обичај да користи одредена колонска вода, која Најт денес не може да ја поднесе.

Ја држел неа и другите девојки оковани во ланци, а појадоците кои им ги подготвувал најчесто биле виршли, јајца и ориз.

-Ми се повраќа кога ќе го почувствувам мирисот на таа храна, рекла таа.

37-годишната Најт сега е среќно омажена жена и вели дека кошмарите за киднаперот завршиле, но дека процесот на опоравување веројатно ќе трае до крајот на нејзиниот живот.

Најт, Бери и Деџиус биле жртви на киднапирања од 2002 до 2004 година, а конечно биле ослободени во 2013-та година.