понеделник, 12. април 2021. Вести денес: 137
home Живот и стил

ИСТРАЖУВАЊЕ: Секој трет прележан ковид пациент има невролошки или психијатриски проблем, ова се најчестите појави

ИСТРАЖУВАЊЕ: Секој трет прележан ковид пациент има невролошки или психијатриски проблем, ова се најчестите појави

Во студија која опфатила 23.000 испитаници, од кои најголем дел од САД, е утврдено дека на секој трет преживеан ковид пациент, шест месеци по лекувањето му бил дијагностициран некој невролошки или психијатриски проблем.

Тоа упатува на заклучок дека бран пациенти со невролошки и психијатриски проблеми може да се очекува како последница од пандемија, се наведува во стручниот магазин „Лансет Псајкајатрист“.

Од 14 психички заболувања, кај преживеаните кови пациенти најчесто се јавуваат анксиозност и депресија, иако на научниците се уште не им е јасно како овие состојби се поврзани со вирусот, пренесува Ројтерс.

Во студијата не е утврдено кои биолошки или психолошки мехнизми претставуваат иницијална каписла за наведените пореметувања, но констатирано е дека е неопходно да се покренат нови истражувања кои детално ќе ги разјаснат овие прашања, а со цел нивно спречување или медицинско третирање.

Врз основа на анализата на медицинските картони на над 236.000 лица, утврдено е дека шест месеци по прележаниот вирус, кај 34 проценти од пациентите е дијагностициран еден од овие проблеми.

Коронавирус