петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Живот и стил

Истражување: Секој трет пациент има долгорочни проблеми по прележување на коронавирус

Истражување: Секој трет пациент има долгорочни проблеми по прележување на коронавирус

Новата студија објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) откри дека приближно едно од три лица кои имале Ковид-19 пријавиле дека страдаат од симптоми два месеца подоцна.

Студија спроведена во Лонг Бич, Калифорнија, покажа дека една третина од оние кои биле позитивни на коронавирусот пријавиле барем еден симптом на болеста четири или повеќе недели по позитивниот тест, пренесува Гласот на Америка.

Според ЦДЦ, симптомите на болеста биле полоши кај жените, Афроамериканците, постарите од 40 години и оние со претходни здравствени проблеми.

ЦДЦ го опишува „долгиот ковид“ како симптоми што се јавуваат четири или повеќе недели по позитивниот тест.

Одделот за здравство и социјални услуги во Лонг Бич интервјуираше 366 луѓе, на возраст од 18 години и повеќе, случајно избрани од две тест групи откако добиле позитивен тест помеѓу 1 април и 10 декември 2020 година. (МИА)

Локални избори 2021