недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Истражување: Мажите кои имаат ќерки живеат подолго

Истражување: Мажите кои имаат ќерки живеат подолго
Father and daughter laughing and bonding

Ќерките го зголемуваат животниот век на татковците, но ќерките и синовите подеднакво го намалуваат животниот век на мајките, покажуваат истражувањата.

Група истражувачи од Јагелонскиот универзитет во Краков, Полска дојдоа до ова интересно откритие. Во нивното истражување биле вклучени 4.310 личности од кои 2.147 биле мајки, а 2.163 татковци.

Резултатите покажале дека вкупниот број на деца, како ни бројот на синови не влијае значајно на животниот век на таткото. Но, се покажало дека мажите кои имаат ќерки живеат подолго. Конкретно, тие пресметале дека татковците на само една ќерка во просек живеат дури 74 недели подолго во однос на татковците кои имаат синови.

За жал, резултатите се многу поинакви кога станува збор за мајките. Според студијата објавена во American Journal of Human Biology, и ќерките и синовите на мајките им го скратуваат животниот век.

Но, сите научници не се согласуваат со резултатите од ова истражување. Така, студија која траела 14 години, објавена во BMJ Journals тврди дека раѓањето на детето, без разлика на полот, го продолжува животот на родителите.

извор: kajgana.com