четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 45
home Живот и стил

Истражување: Автомобили кои се магнет за спонзоруши

Истражување: Автомобили кои се магнет за спонзоруши

Луѓето, кои ги објавуваат своите фотографии со автомобили на сајтовите за запознавање добиваат 165% повеќе пораки од потенцијалните партнери отколку другите кои се без автомобил. Ова го тврдат порталите Askmen и Zoosk врз основа на направено истражување. Притоа правилото важи како за мажите така и за жените.

Цената на автомобилот кој е ставен на фотографијата нема особено значење, а егзотичните модели на Porsche или Maserati не даваат поголеми шанси за наоѓање на партнер. Според истражувањето најпосакувани се профилите, чии соопственици се фотографирале со својот Jeep. Тие добиваа во просек 243% повеќе пораки. На 2. место е BMW со 149%, а на 3. позиција е Toyota (73%).

Nissan, Land Rover, Subaru, Ford и Mercedes-Benz исто така се меѓу брендовите, кои привлекуваат повеќе кандидати за партнери. Целосно спротивни реакции, пак, предизвикуваат Honda, Chevrolet, Ferrari, Tesla, Lexus, Dodge и Mazda.

Значење има и типотна каросеријата. Камп возилата го зголемуваат интересот кон соопствениците за 61%, седаните за 42%, а пикап возилата со 41%. Фотографија со хечбек има спротивен ефект и ги намалува шансите за запознавање за 15%.

Извор: 24auto.mk