сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Живот и стил

Исповед на мајка која двапати родила близнаци, а трипати ослабела по 50 килограми

Исповед на мајка која двапати родила близнаци, а трипати ослабела по 50 килограми

Разните диети и процеси на губење на килограмите веројатно е нешто најтешко што им паѓа на сите.

Килограмите најчесто се враќаат веднаш по престанувањето со диетата или режимот на исхрана.

Проблемите со вишокот килограми се чести кај жените по породувањето, а една од нив е и Кристина.

Таа живее во Минесота, но она што е интересно е што двапати родила близнаци. За време на двете бременост таа се здебелила по речиси 50 килограми.

-Три пати губев по 45-50 килограми, а со тежината се борам целиот живот. Во најтешката фаза од животот имав 136 килограми, вели Кристина.

Првпат ослабела во тинејџерските денови, а килограмите не се менувале се до првата бременост.

-Кога имав 14 години видов некои приказни за слабеењето кои ме мотивираа. Ми требаа неколку години за да ослабам 35 килограми и таа тежина ја одржував и во средно училиште, објаснува Кристина.

Нејзината комплетна транформација, за која ја пријавила нејзината мајка, може да ја погледнете во видеото во продолжение.