среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 144
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Живот и стил

Инспирирај се себеси и биди инспирација за останатите

dm дрогерие маркт ја поттикнува креативноста и иновативноста со новата инспиративна кампања
Инспирирај се себеси и биди инспирација за останатите

Убавината е многу повеќе од само обична шминка. Убавината е начин на изразување, кога ќе ја пуштиме креативноста да се ослободи. А, токму ова е главниот фокус на новата кампања на најголемиот дрогериски ланец во Европа. Со слоганот „Почувствувај ја моќта на инспирацијатаdm дрогерие маркт ќе се обиде да изгради мост помеѓу уметноста и убавината. Со специфични бои и текстури, кои потсетуваат на насликано уметничко платно, компанијата сака да ги инспирира купувачите и соработниците да направат нешто ново, посебно и уникатно и да им даде инспирација за нови идеи.

Со оваа инспиративна кампања, dm дрогерие маркт сака да ги разбуди креативноста и иновативноста кои што се затскриени во секој од нас и да обезбеди емотивна поддршка за остварување на своите позитивни замисли. Компанијата искрено верува во промените и се надева дека и за купувачите и за соработниците, кампањата ќе им овозможи да создадат поинаква, посилна и поинспиративна, визија за себеси. Остварувајќи го ова, тие ќе можат да ги постават темелите за креирање околина во која што секој ќе може лесно да се пронајде себеси и да ги отпочне позитивните промени.

Како дел од оваа кампања, dm дрогерие маркт го промовира и новото инспиративно видео кое може погледнете го преку следниот линк:

Почувствувај ја моќта на инспирацијата! – YouTube

Коронавирус