петок, 3. декември 2021. Вести денес: 68
home Живот и стил

Имате проблеми со штитната жлезда? Оваа вест мора да ја прочитате!

Имате проблеми со штитната жлезда? Оваа вест мора да ја прочитате!

Најдобрите намирници за хипотиреоза се лосос и бразилски орев. Но внимавајте колку јадете соја и зелјест зеленчук!

Недоволно активната тироида не произведува доволно хормони, поради што се јавува замор, депресија и вишок килограми.

Доктор Хонг Ли, ендокринолог од Здравствениот адвентистички центар во Илиноис, советува кои намирници би требало да ги консумираат лицата што имаат хипотиреоза, за да ја намалат потребата за лекови.

Лосос

Посебно им се препорачува на луѓе со Хашимото синдром. Резултати од истражувања укажуваат дека овие луѓе имаат пониско ниво на витамин Д. Лососот е одличен извор на витамин Д, како и портокалите, млекото и јајцата.

Бразилски орев

Според доктор Ли, само два бразилски орева дневно се доволни за телото да биде снабдено со доволна количина на селен. Селенот е неопходен за нормално функционирање на тироидната жлезда и овозможува асимилација на витамините Ц и Е. Селенот најмногу го има во рибата и во морските плодови, во намирниците богати со протеини, спанаќот, печурките, лукот. Сепак, бразилскиот орев е најдобриот извор на овој минерал. Селенот игра клучна улога во зајакнувањето на одбранбениот систем, во борбата против стареење, како и во спречувањето болести на срцето и појава на канцер, пред сè, на простата и на дебелото црево.

Бел грав

Шолја варен бел грав содржи 8 мг железо, минерал што на многумина им недостига, а особено на жените во менопауза.

„Земањето доволна количина на магнезиум е важно, бидејќи неговиот недостиг може да го наруши дејството на ензимите што ги произведуваат хормоните на тироидата“, вели доктор Ли.

Жените на возраст од 19 до 50 години би требало секојдневно да земаат по 18 мг железо, а мажите и жените од 51 година па нагоре, околу 8 мг. Апсорпцијата на железото може да ја зајакне и храната богата со витамин Ц, на пример зелена салата зачинета со лимон или салата од грав со лимон. Железото може да го намали дејството на лековите за тироида, па така треба да се консумира четири часа пред и четири часа по земањето на лекот.

Соја

Консумацијата погрешни намирници од соја или претераното внесување соја, може лошо да влијае врз тироидната жлезда. Минералот јод е важен за изградбата на хормоните на тироидната жлезда, но сојата содржи соединенија на изофлавон, кои го блокираат јодот. Добро е да се ограничи внесувањето соја и воопшто храна што содржи преработени изолати на протеините од сојата (како што е протеинот од соја во прав, протеинските стапчиња од соја и шницлите, бидејќи обично содржат повисока количина на изофлавони).

Зелјест зеленчук

Кељот, брокулата, прокељот, зелката и карфиолот се инаку многу здрави, но содржат ензими што можат да го нарушат производството на хормони на тироидната жлезда. Количината прави разлика: неколку порции зелјест зеленчук неделно е во ред, но не е најдобра идеја секое утро да ставате кељ во кашестиот сок.

Коронавирус