понеделник, 29. ноември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

„Имаше само 10 години, а си го одзеде животот“: Јелена Ѓоковиќ проговори за многу важна и загрижувачка тема (ФОТО)

„Имаше само 10 години, а си го одзеде животот“: Јелена Ѓоковиќ проговори за многу важна и загрижувачка тема (ФОТО)

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на Новак Ѓоковиќ ја искористи својата популарност за да зборува за еден голем проблем. Таа сподели една фотографија и објава што предизвика многу полемики, а се однесува на влијанието што технологијата го има врз младите луѓе.

Таа сподели фотографија на која дете плаче откако го гледала документарен филм наречен “Childhood 2.0” (Детство 2.0).

“Ве молам побарајте и гледајте го документарецот на Јутјуб за детството на социјалните мрежи. Ги замолувам и медиумите што ме следат да ја пренесат оваа вест и побарајте од граѓаните да го гледаат овој документарен филм. Намерно ја ставив оваа слика за да го привлечам вашето внимание”, напиша Јелена и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

“Социјалните мрежи и паметните телефони и таблети се многу опасни за нашите деца. Не само за развојот на нивниот мозок, туку и за нивната безбедност. Кога ќе го гледате овој филм, ќе имате можност да ги видите и родителите и децата како гледаат различни проблеми и зборуваат потполно отвореноза нивниот секојдневен живот. Децата поминуваат минимум седум часа на своите телефони и преминуваат од една апликација во друга. Досада = телефон. Социјални мрежи = напад, осуда, критика, повици за самоубиство или секс. Едно од овие семејства во филмот го загуби својот член – тој изврши самоубиство откако го вознемируваа врсниците, а имаше само 10 години. Ова се теми  за кои ние мора често да разговараме и активно да бараме решение. Ве молам, погледнете и ајде да разговараме заедно “, рече Јелена Ѓоковиќ.

Коронавирус