недела, 19. септември 2021. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Живот и стил

Има 3 свои деца, но родила уште 5 за други семејства: Херојска приказна за сурогат мајчинството (ФОТО)

Има 3 свои деца, но родила уште 5 за други семејства: Херојска приказна за сурогат мајчинството (ФОТО)

50-годишната Диди Пери од Далас започнала со сурогат мајчинството пред осум години, 16 години откако го родила последното од своите три деца.

Таа била сурогат мајка на парови кои имале проблеми со постигнување и одржување на бременоста, а на свет донела пет деца, од кое последното го родила кратко пред својот 50-ти роденден.

Пери вели дека средбата на родителите со своето дете не може да се опише со зборови.

-Тешко е да се опишат тие емотивни моменти. Тешко ми е да опишам како се чувствував додека ги гледав како за прв пат го земаат своето дете во раце, го гледаат и плачат од среќа. Беше неверојатно, раскажала Диди.

Таа вели дека главната мотивација ѝ била да им помогне на паровите кои силно посакувале да имаат дете, но признава и дека уживала во бременоста. Кога го чувствувала мрдањето на живо суштество во себе, таа се чувствувала здраво и на шега изјавила дека е зависна од бременост.

Диди никогаш немала проблем да се одвои од тие деца откако ги раѓала бидејќи била свесна од самиот почеток дека тоа не се нејзини деца.

Иако многу жени се согласуваат да бидат сурогат мајки поради пари, Диди тврди на парите гледала како дополнителен бонус. Многу парови бараат млади жени кои би го носеле нивното дете, но имало и такви на кои не им сметале годините на Диди.

“На почетокот планирав да носам дете на едно семејство, но по тоа искуство на чисто задоволство, едноставно знаев дека морам да го повторам тоа. Благодарна сум што пронајдов парови на кои не им смета тоа што сум постара од 40 години. Никогаш не го правев тоа за пари, навистина сакав да им помогнам на тие луѓе”, изјавила Пери.

50-годишната жена сега работи во агенцијата “Surrogate Solutions” како координатор – ги спојува идните сурогат мајки со паровите кои сакаат да добијат дете.

Нејзината најмлада ќерка Шајна има 23 години и размислува за тоа да тргне по стапките на својата мајка, а Диди е горда на неа:

“Прекрасно е тоа што имав прилика да ја поттикнам да прави хумани работи”, заклучила таа.

 

Коронавирус