недела, 20. септември 2020. Вести денес: 12
home Живот и стил

Храна која предизвикува среќа кај луѓето: Еве за што ви даваат сила овие намирници

Храна која предизвикува среќа кај луѓето: Еве за што ви даваат сила овие намирници

Според спроведената студија на универзитетот во Калифорнија, масната храна како пржените компирчиња и солените чипсови, предизвиуваат хемикалии во вашето тело кои имаат дејство кое е еквивалентно со марихуаната. Среќа постојат супститути кои се подобри од пржените компири.

Ние издвоивме неколку намирници кои докажано имаат позитивен ефект, веднаш по јадењето.

Лосос

Овој вид на риба содржи омега-3 масни киселини, кои се добри масти и се од суштинско значење за подржување на мозочните функции и зголемување на меморијата. Ако на лососот му додадете малку ореви и спанаќ, ќе го почувствувате ефектот на магнезиум и омега-3 кои ќе ви помогне да го  поминете напорниот разговор со шефот.

Лубеница

Сакате да заведувате и да бидете заведени!? Темното чоколадо не е единствениот достапен афродизијак. Лубеницата содржи аргенин, аминокиселина која го зголемува азотниот оксид во крвните садови. Тоа го поттикнува опуштањето на телото и  го зголемува протокот на крв до гениталиите.

Овес

За да не бидете мрзливи и полесно да ја пребродите утринската нервоза, ве советуваме за појадок да јадете овесни снегулки.

Бадеми

Многу често се пишува за делотворноста на бадемите. Запомнете дека една шака со бадеми ќе ви ја зголеми значително кондицијата за време на кардио тренингот. Фолна киселина, терозин, магнезиум и антиоксиданси содржат бадемите. Изедете ги половина час пред да отидете на тренинг и ќе бидете полни со енергија!

Портокал

Сакате ли целосно да го отстраните стресот!? Витаминот Ц докажано го намалува нивото на кортизол – хормонот на стрес во крвта. Што значи дека значително ќе ве смири, само не претерувајте да не оставите впечаток дека сте на антидепресиви.

Коронавирус