петок, 3. декември 2021. Вести денес: 136
home Живот и стил

Холивуд гласа за штрајк викендов

Холивуд гласа за штрајк викендов

На филмската и телевизиската продукција во Северна Америка ѝ се заканува прекин, откако официјални претставници „од зад сцената“ едногласно гласаа за штрајк. Ова е првпат во нивната 128-годишна историја.

Меѓународната алијанса на филмски работници соопшти дека скоро 99 отсто од нејзините регистрирани членови кои учествуваа во гласањето (52.706) гласаа за штрајк викендов. Проблемот е стагнацијата во потпишувањето нови договори околу барањата за поприфатливи услови за работа за квалификуваните лица – техничари и работници вработени во стрим-компании, како Нетфликс, Епл и Амазон. Вработените бараат подобра плата, разумни паузи меѓу снимањата, безбедни работни услови и гарантирани оброци.

– Се надевам дека студијата ќе ги препознаат барањата на нашите членови и ќе ги разберат, изјави претседателот на Алијансата, Метју Леб. – Топката е во нивниот двор. Ако сакаат да избегнат штрајк, тие ќе се вратат на преговарачката маса и ќе ни понудат прифатливи услови.

Преговорите, инаку, беа прекинати на 20 септември. Лоеб рече дека неговата цел е да постигне договор, а не да се расправа.

– Гласањето е за поквалитетен живот, за здравјето и безбедноста на луѓето што работат во филмската и телевизиската индустрија, нагласи тој.

Многу познати имиња од Холивуд јавно ја изразија својата поддршка за барањата на своите колеги.

Коронавирус