вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 121
home Живот и стил

„Гугл“ планира развој на центар за вештачка интелигенција во Берлин

„Гугл“ планира развој на центар за вештачка интелигенција во Берлин

„Гугл“ ја отвори својата нова централа во Берлин, каде подоцна планира да развие центар за вештачка интелигенција.

Според германските медиуми, развојот на овој центар „Гугл“ го планирал во соработка со Германскиот истражувачки центар за вештачка интелигенција (ДФКИ) и со локалните компании САП и Телеком, но засега не е постигнат договор и идејата најверојатно пропаднала.

Се очекува во новата централа на „Гугл“ да бидат отворени околу 300 работни места.