четврток, 6. август 2020. Вести денес: 30
home Живот и стил

Грешки кои ги прават дамите секое лето: Направете го ова и секогаш ќе мирисате прекрасно

Грешки кои ги прават дамите секое лето: Направете го ова и секогаш ќе мирисате прекрасно

Иако ги обожуваме парфемите, правиме некои грешки, токму во летниот период.

Кога помислуваме на лето, сите некако мислиме на слатки мириси. Тука лежи и грешката. На пример, цветните мириси се премногу слатки, но според стручните лица за парфеми како Ренеу Доминик, мирисите кои содржат премногу цвет, не се најдобар избор- делуваат многу тешко.

На високи температури нашето сетило за мирис реагира различно на посилни мириси. Затоа повеќето преферираат свежи и лесни мириси.

Класични се на пример мириси од мандарини, портокал кои се мешаат со тропски билки.

Многу мириси немаат многу парфем, туку и тоалетна вода кои се совршени за летниот период бидејќи не се толку концентрирани.

Купувајте само проверени парфеми

Секако, мирисот би требало да не направи посебни- дури и во лето. Сепак постојат (без разлика на годишната доба) типични мириси кои ги користи секоја втора личност. Стручните лица тврдат дека тоа што имаме парфем како и многу други не е лошо.

Парфем во комбинација со сонцето?

Ако мирисот на кремата за сончање не ви е доволен за на плажа, веројатно сте го избрале својот омилен парфем пред да заминете на плажа. Главно, нема причина да не мирисате убаво на плажа. Секој мирис кој е нанесен на кожата на некој начин ја исцрпува, па затоа треба да бидете внимателни.

Поради тоа, парфемот нанесувајте го на косата или на облеката.

Коронавирус