недела, 12. јули 2020. Вести денес: 135
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

Во живо

Мицкоски ја промовира програмата на ВМРО-ДПМНЕ во Штип

home Живот и стил

Големо „НЕ“ од Ана Винтур за оваа модна комбинација!

Големо „НЕ“ од Ана Винтур за оваа модна комбинација!

Легендарната уредничка на американскиот „Вог“ и жената чие мислење е „амин“ во модниот свет, го презира овој стајлинг и смета дека е сосема некреативен.

На Ана Винтур ѝ се припишуваат заслугите за популаризирањето на високата мода меѓу различни генерации жени, а американското издание на магазинот „Вог“ своевремено го трансформирала во вистински културолошки и стилски феномен. Затоа, не е необично што нејзиното мислење се третира како библија, кога станува збор за модата и стилот.

„Создадете сопствен стил. Нека биде уникатен, но другите да можат да се идентификуваат со него. Треба да имате свои модни правила, да бидете пример и инспирација, но морате да имате сопствен изграден стил. Немојте слепо да ги следите трендовите. Не треба да заборавите на својата личност и тело. Најлошото нешто што можете да го направите е да се чувствувате неудобно во тоа што го носите“, ова се зборовите на познатата модна икона.

Иако се залага за модна игра по сопствени правила, постои една модна комбинација што никому не би му ја простила и која ја смета за „неавтентична и неинспиративна“. Имено, во видеоинтервју за својот магазин своевремено изјавила дека никогаш не би носела црно од глава до пети!

Парламентарни избори 2020