четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Го запознала на забава, па му станала робинка: Ја натерал да потпише договор за три години хорор (ВИДЕО)

Го запознала на забава, па му станала робинка: Ја натерал да потпише договор за три години хорор (ВИДЕО)

Анџелик (22) од Баларат, Австралија, имала само 16 години кога на една забава го запознала Томас Џенингс, со кој била во врска три години.

Во таа врска тој бил „господар“ и таа била неговиот „роб“.

Набргу откако се запознале, таа се преселила кај него и тој ја натерал да потпише договор помеѓу „господар и подредена“.

-Мислев дека станува збор за изнајмување куќа и кога потпишав, тој ми рече: „Сега јас сум ти господар, а ти си ми подредена, што значи дека си мој роб“, раскажува Анџелик.

Таа опишува како Џенингс ја посипувал со лути пипреки додека се тушира, ја заклучувал во боксот за кучиња, и ставал поводник од кучето околу вратот и ја принудувал да оди на четири нозе.

-Тој ме убеди дека тоа што го прави е правилно и дека јас го заслужував сето тоа, откри девојката.

Анџелик немала пријатели, немала семејство, па немала никој за да се обрати за помош. Мачењата продолжиле сè додека еден од неговите пријатели не видел колку е слаба и исплашена.

Тој се обидел да го пушти кучето на неа, го зграпчил за синџирчето и му наредил да ја убие.

-Тој сериозно имаше намера да го пушти на неа,  раскажал неговиот пријател Крис Борн.

Борн ѝ дал на Анџелик алармен уред и дошол кога таа го повикувала, убедувајќи го Џенингс дека полицијата сакала да ја слушне за огненото оружје.

Џенингс е обвинет за повеќе од 20 престапи, од кои некои биле отфрлени откако се договорил и изјаснил за виновен за 11 од нив.

Тој бил осуден на две години и осум месеци затвор, меѓу другото, за противзаконско затворање, вооружен напад, малтретирање со кучиња.

Џенингс неодамна бил ослободен и Анџелик решила да излезе во јавноста за да ги предупреди другите да се држат настрана од него.

„Никој повеќе не треба да доживее такво нешто повторно“, рекла таа.

Коронавирус