сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Го оставила бидејќи бил сиромашен, но 10 години подоцна…

Го оставила бидејќи бил сиромашен, но 10 години подоцна…

Сите ние мислиме дека можеме да ја предвидиме иднината со помош на нашето искуство и моменталната ситуација, но…

Една девојка која потекнуваат од богато семејство се заљубила во момче кое е сиромашно. Неговото срце било искрено. Меѓутоа, таа го отфрлила бидејќи не сакала да живее во сиромаштија. Претпоставила каков би бил тој живот и му ги обезвреднила неговите чувства. Таа мислела дека знае што сака во животот и верувала дека исходот од таквата љубов за неа би бил погрешен. Сметала како таа вреди повеќе и дека љубовта не е доволна ако нема пари.

-Оди и пронајди некоја која тие на твое ниво. Ти колку што заработуваш во еден месец, јас трошам за еден ден. Ти би сакал да ти бидам жена? Некој како тебе никогаш не би можела да сакам, му рекла девојката кога момчето ја запросувало.

Поминале години, точно 10. За момчето таа не размислувала, а момчето имало толку работа што немал време да размислува за девојката.

Се додека еден ден повторно не се сретнале. Било тоа во трговскиот центар.

– Еј па ти си тоа! Како си? Денеска сум омажена за вистински маж. Тој заработува 15.700 долари месечно, му се пофалила. Човекот ништо не и одговорил. Само очите му се насолзиле од тага која ја почувствувал зошто некогаш навистина многу ја сакал таа жена.

– Добро утро господине! Гледам дека сте ја запознале мојата жена, рекол нејзиниот сопруг, малку изненаден кога ги здогледал заедно.

– Добро утро господине, го возвратил поздравот.

„Картер, шефе така се презивам…“, одговорил на неговиот шеф, сопругот на богатата ќерка.

По пат и објаснил како тој е негов шеф, кој е сопственик на проект вреден 100 милиони долари, на кој деноноќно работел. Во шок била жената, не можела да поверува дека тоа е истиот оној човек кој го одбила.

– Тој е скромен човек, а неговата животна приказна навистина е едноставна, продолжил сопругот.

– Велат дека претходно бил многу сиромашен и дека поради тоа го одбила љубовта на неговиот живот. Поради тоа се заколнал дека ќе се збогати, но никогаш се нема оженето, рекол сопругот ни случајно не му паднало на памет дека таа девојка е неговата сопруга.

Кога сопругот ја прашал од каде го познава неговиот шеф, му одговорила дека ќе му раскаже подоцна бидејќи сега не и било до разговор…

Посветено за сите денешни т.н. “успешни љубовни приказни” кои се темелат ислучиво на пари:

*Со пари можеш да купиш часовник, но не и време.
*Со пари можеш да купиш кревет, но не и сон.
*Со пари можеш да купиш книга, но не и знаење.
*Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом.
*Со пари можеш да купиш секс, но не и ЉУБОВ..
Најважните работи во животот не можат да се купат со пари!