понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 56
home Живот и стил

Го киднапирале кога бил бебе, па го вратиле на родителите: 55 години подоцна ја открил шокантната вистина

Го киднапирале кога бил бебе, па го вратиле на родителите: 55 години подоцна ја открил шокантната вистина

Американецот Пол Фронзак (55), кому родителите му рекле дека како новороденче е грабнат од болница, па две години потоа бил вратен. Но тогаш открил дека всушност не е нивен син.

Фронзак пораснал во Чикаго со мајката Дора и таткото Честер. Кога имал 10 години, нашол исечок од весник во кој пишувало дека бил киднапиран како бебе.

Родителите му раскажеле дека имал само еден ден кога жена во униформа на болничарка го зела од мајчината прегратка. Било тоа во април 1964 година. Им рекла на родителите дека бебето мора на преглед и никогаш не го вратила.

Тоа веднаш стана национална вест. Повече од 175.000 поштари, 200 полицајци и агенти пребараа околу 600 куќи во потрага по Пол, но залудно.

Драматичен апел на Честер и Дора Фронзак до киднаперите на бебето

Две години подоцна, дете кое одговарало на описот на Пол е најдено напуштено во трговски центар во Њу Џерси. Шеесетите години од дваесетти век ФБИ немал начин да утврди дали тоа навистина е Пол, но одлучиле дека е, и им го вратиле на Дора и Честер. Меѓутоа, Пол вели дека, како што станувал постар, се повеќе се сомневал.

„Се прашував дали се тоа моите родители. Не личев на никого од семејствоот, а немав исти интересирања како мојот брат Дејв. Јас сакав рок, мотори и пуштав долга коса – целосно спротивно од него“, раскажува тој.

Пол основал свое семејство, а кога лекарот го прашал за семејната историја на болести, сфатил дека е крајно време да ја открие вистината. Успеал да ги убеди Дора и Честер да направат ДНК тест и се утврдило дека не се роднини. Потоа ангажирале приватни детективи и така дознал барем дел од вистианта.

Пол е роден како Џек Розентал и шест месеци е постар отколку што се мислело. Се претпоставува дека Пол и неговите браќа и сестри ги напуштиле родителите, зошто мајката му била алкохоличар, а таткото воен ветеран со нарушено здравје.

Новите сознанија донесоа нови предизвици: Пол сега се обидува да го најде вистинскиот син на Дора и Честер, но и својата родена близначка која исчезнала во исто време како и тој.

Пол Фронзак напишал книга за својот живот: „Откритие: Вистинската приказна за киднапирањето, семејната тајна и мојата потрага по вистинскиот Јас“(The Foundling: The True Story of a Kidnapping, a Family Secret, and My Search for the Real Me).

Коронавирус