понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Живот и стил

Генијални трикови кои ќе ви помогнат да станете од креветот за 60 секунди

Генијални трикови кои ќе ви помогнат да станете од креветот за 60 секунди

Една од најтешките работи со која речиси секој од нас се соочува е станувањето рано наутро, посебно во зимскиот период.

Речиси невозможно е да станете веднаш, без да го поместите алармот за пет минути. Списанието “Coveteur” во соработка со Фондацијата за спиење објави низа совети како да станете од креветот за 60 секунди, а притоа да се чувстувате полни со енергија и спремни за денот кој е пред вас.

Напијте се вода

Пред да си легнете, напијте се една чаша вода и наполнете уште една која ќе ја оставите покрај креветот. Кога ќе се разбудите, напијте се вода за да го хидрирате телото и да го “размрдате” метаболизмот.

Стратешки наместете го алармот

Доколку телефонот или алармот се блиску до вас, големи се шансите да го поместите за дополнителни пет минути. Наместо тоа, поставете го алармот подалеку од вашиот кревет со цел да не можете да го дофатите и да мора да станете за да го исклучите.

Тргнете ги завесите

Сончевите зраци наутро можат да бидат иритирачки, но тие се знак дека е време за будење. Пред да си легнете, тргнете ги завесите, а друга опција е да купите часовник кој свети кога ќе се вклучи алармот.

Намалете ја собната температура

Додека спиете, телото ја намалува температурата. Токму затоа треба да ја намалите температурата на собата во која спиете за подобар сон. Идеалната температура е од 20 до 22 степени.

Креветот користете го само за спиење

Немојте да лежите во истиот кревет во текот на денот бидејќи со тоа ќе имате проблем со заспивањето навечер. Доколку лежите на креветот во текот на денот, мозокот нема да го поврзува со релаксација и сон.

Без алкохол и кофеин

По напорниот ден една чаша вино звучи многу примамливо, но доколку сакате да се разбудите свежи, прескокнете го тој ритуал. Подобро е да се напиете чај од лаванда или камилица.

Не се бањајте пред спиење

Ова може да има спротивен ефект бидејќи топлата вода ја зголемува температурата на телото, а за да заспиеме треба да ја намалиме температурата на телото.