четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 50
home Живот и стил

ФОТО: Се роди бебе како плод на ембрион замрзнат пред 28 години

ФОТО: Се роди бебе како плод на ембрион замрзнат пред 28 години

Моли Гибсон е родена во октомври оваа година… А, нејзиниот случај е особено интересен, затоа што бебето е плод на ембрион кој бил замрзнат во октомври 1992 година, во непрофитниот Национален центар за донации на ембриони во Ноксвил, Тенеси, САД.

Дури во февруари оваа година, тој ембрион го добија Тина и Бен Гибсон од Тенеси. Се верува дека ова е најстариот ембрион што успешно резултирал со раѓање на бебе, дури по 28 години.

Семејството Гибсон се борело со неплодност скоро пет години, а потоа родителите на Тина се решија на вештачко оплодување.

Така, Тина во 2017 година ја роди првата ќерката Ема со замрзнат ембрион, а оваа година пристигна уште едно мало девојче кое од среќните родители го доби името Моли.

Се проценува дека во овој миг во САД има еден милион замрзнати човечки ембриони.

Коронавирус