среда, 5. август 2020. Вести денес: 17
home Живот и стил

ФОТО: Починаа најстарите сијамски близнаци во свет

ФОТО: Починаа најстарите сијамски близнаци во свет

Најстарите сијамски близнаци во светот кои работеле по карневали и во циркуз како споредни улоги од својата три годишна возраст, починаа на 4 јули во нивниот роден крај Дејтон, Охајо на 68 години.

Рони и Дони Галион се споени во пределот на стомакот уште од нивното раѓање. Тие двајцата се родени здрави, но првите две години од нивниот живот ги поминале во болница, за да можат докторите да изнајдат начин како безбедно да ги раздвојат. Кога на родителите им било соопштено дека нема гаранција дека ќе ја преживеат операцијата, тие одбиле да ги оперираат своите синови.

Близнаците научиле да одат на 29 месеци од нивниот живот. Нивните родители изнајмиле терапевти за да ги научат секојдневните обврски, како врзување чевли, користење на тоалет и да научат како да пишуваат затоа што и двајцата биле деснаци.

Не посетувале локално училиште, бидејќи претпоставените на училиштето сметале дека тоа би било вознемирувачко за останатите ученици.

Нивното IQ било на просечно ниво, но според книгата „Психолошки профили на сијамски близнаци“, тие биле побавни поради недостаток на формална едукација.

Рони и Дони го срушиле гинисовиот рекорд за најстари близнаци во 2014 година на 63 годишна возраст. Последните 10 години од нивниот живот ги поминале страдајќи од најразлични здравствени проблеми.

Браќата имале посебно право на глас, но патувале со еден пасош.

Коронавирус