среда, 5. август 2020. Вести денес: 6
home Живот и стил

ФОТО: Почина жената на која за првпат во Америка и беше извршена трансплатација на лице

ФОТО: Почина жената на која за првпат во Америка и беше извршена трансплатација на лице

Почина Кони Кулп, жената на која и беше извршена првата транслатација на лице во Америка, откако била застрелана во лице.

Кулп почина на 57 годишна возраст, 12 години по операцијата поради инфекција.

Од клиниката каде што и била извршена трансплатацијата на лице во 2008 година, велат дека Кулп починала во средата, од инфекција која не била поврзана со нејзината трансплатација.

Трансплатацијата може да им помогне на примателите да продолжат со основните функции како што се: дишење, јадење и зборување,  и исто така може да ги обнови значајните невербални комуникации  преку смеење и изрази на лицето.

Операцијата, која што била извршена само неколку пати низ светот, може да претставува доживотна борба за запирање на телото од отфрлање на импланираниот орган.

Имуносупресивните дроги, кои што можат да го запрат отфрлањето, можат да ја изложат личноста да биде ранлива и чувствителна на инфекции и канцерогени заболувања.

Кони со сопругот

Кулп била сериозно ранета во 2004 година, кога нејзиниот сопруг пукал во нејзиното лице, а потоа го нишанил пиштолот кон себе. Тој бил осуден на 7 години затвор. Од пукањето и биле распрснати носот, образите, горната усна и едното око.

Таа имала 30 операции пред да и биде извршена трансплатацијата во 2008 година во интензивна сложена процедура која што траела 22 часа.

Рентген снимка: Лево пред трансплатацијата – Десно по трансплатацијата

Во декември 2008 година, Др. Марија Симиноу, предводела тим од доктори во 22 часовна операција за да заменат 80 % од лицето на Кулп со коски, мускули, нерви, кожа и крвни садови од донатор, Ана Каспер. Оваа операција била четврта трансплатација на лице во светот, но ниедна не била толку обемна.

По операцијата, нејзините изразувања на лицето биле малку „здрвени“ и нејзиниот говор некогаш бил тежок за разбирање, но можела да зборува, да се смее и да мириса и вкусува храна повторно.

Кулп присуствувала во неколку телевизиски емисии и станала застапник за органски донации.

Две години по операцијата, Кулп се запознала со семејството на донаторот Ана Каспер, која што починала од срцев удар.

Коронавирус