вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 108
home Живот и стил

ФОТО: Марко живее во Србија, а учи во Македонија- секој ден поминува низ студена река

ФОТО: Марко живее во Србија, а учи во Македонија- секој ден поминува низ студена река

Единаесетгодишниот Марко Арсовски е еден од ретките ученици што по знаење мора да пешачи до соседната држава, пишува порталот Новости.рс.

Тој е единствениот ученик од село Старац во општина Бујановец, на границата со Македонија. Од неговата куќа до најблиското училиште во Србија има 17 километри, па токму затоа учи во Македонија.

Марко е ученик во петто одделение во училиште во село Драгоманце во македонската општина Старо Нагоричане.

-Наставата е на македонски јазик, но имам часови и на српски. И покрај сите тешкотии, постигнувам многу добар успех, вели Марко.

Куќата во која живее момчето е до самата река Пчиња, која ја дели Србија од Македонија, но и маалото на Марко, од остатокот од селото.

До патот кој го води до училиштето најбргу се стигнува низ не многу длабоката, но сепак мошне студена планинска река.

-Во лето не е толку многу страшно, но Пчиња е секогаш е ладна. Во зима имаме многу потешкотии, вели таткото на Марко, Горан Арсовски.