четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 187
home Живот и стил

ФОТО: Истакнете ги адутите, сокријте ги недостатоците – костими за капење за покрупни жени

ФОТО: Истакнете ги адутите, сокријте ги недостатоците – костими за капење за покрупни жени

Високите температури веќе ги имаме, а доколку немате соодветен костим за капење за вашиот одмор и планирате да купите, важно е да внимавате тој да одговара на вашиот облик на телото. И покрупните жени може да изгледаат многу привлечно и заводливо со вистински избраниот модел на костим за капење.

Ним не им стојат плитки бикини кои кај колковите се врзуваат со тенки врвки. Подобар избор се подлабоки долни костими кои ќе го сокријат стомакот, а воедно прават телото да изгледа визуелно помало.

Одлични модели се и оние кои изгледаат како да имаат сукња, а добар избор е и едноделен костим, но тој треба да има отворен грб до струкот.

Кај градба налик песочен часовник – бујни гради, мал струк и раскошни колкови, одличен избор се минијатурни бикини со триаголници кај градите или едноделен костим со мал отвор околу струкот.

Ако само градите се големи, тогаш важно е тие цврсто да стојат во корпите и да не изглегуваат од страна. Внимавајте да ја изберете точната големина. Моделите кои се со тенки врвки околу вратот најчесто не им стојат добро на жените со големи гради, освен ако градите не им стојат цврсто што е ретка појава кај природните гради. Ако сакате костим за капење кој се врзува околу вратот, а имате големи гради, бирајте ги оние со широки врвки и цврсти корпи.

Жените со мали гради, а широки колкови акцент би требало да стават на градите за горниот и долниот дел од телото визуелно да се избалансираат. Малите гради ќе изгледаат поголеми во бикини кои изгледа како лента или има потполнка во корпите.

Помагаат и силни бои во горниот дел, како и разни украси.

Коронавирус