среда, 24. октомври 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

ФОТО: Елегантнo и роматично: Се ожени Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а ова е неговата сакана

ФОТО: Елегантнo и роматично: Се ожени Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, а ова е неговата сакана

Еден од тројцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изминатиот викенд се заколна на вечна љубов на својата сакана избраничка и со тоа и официјално заплови во брачните води.

Елегантната и романтична  венчавка се одржа во кругот на најблиските, роднините, пријателите, колегите… на која младите ја прославија својата љубов.

Свадбата се случи во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид, додека брачните завети, Александар и Александра си ги дадоа во стариот дел на Охрид во црквата Св. Богородица Перивлепта.

Инаку, невестата Александра по потекло е од Охрид, додека нејзина професионална определба е економијата.

Дипломирала и магистрирала економски науки во Љубљана.

Александар пак пред сегашната позиција во партијата каде е долгогодишен член, исто така е пратеник во повеќе мандати, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од 2004 до 2008 и повторно избран во 2017 година, а беше именуван и за меѓународен секретар на партијата.

Николоски стана член и на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, а потоа беше избран и за прв потпретседател на мониторинг комитетот при Советот на Европа.

Честитки за младите!

Извор: Вистина.мк