сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

ФОТО: Брачен пар загинал во сообраќајна несреќа, а по четири години се роди нивното дете

ФОТО: Брачен пар загинал во сообраќајна несреќа, а по четири години се роди нивното дете

Дека животот пишува романи ни откри еден случај објавен во кинеските медиуми, а го изненади целиот свет.

Станува збор за млад кинески пар кој загинал во сообраќајна несреќа само пет дена пред закажаниот пренос на ембрион настанат од инвитро.

Откако двајцата загинале, а немале ниту браќа ни сестри, родителите се одлучиле да го зачуваат ембрионот и да пронајдат сурогат мајка.

Но оваа нивна идеја се соочила со непостоењето на таквите закони кои во вакви ситуации има право да располага со ембрионот, па така тие се досетиле на нешто што би го решило проблемот- семејството на еден од родителите формално го тужело другото семејство.

Но откако го решиле случајот, се појавил нов проблем.

Имено ембрионот според кинеските закони не може сами да го пренесат, бидејќи трансфер може да направат само болниците меѓусебно, а вториот проблем е тоа што во Кина е забрането користење на сурогат родител.

Па поради  овие проблеми семејствата се одлучиле да се обратат во легална агенција која била подготвена да го преземат ембрионот.

По ова успешно е направено вештачко оплодување и на радост на бабите и дедовците во декември 2017 година се родил нивниот внук.

-Му било судено да се роди, ќе му речеме дека неговите мајка и татко се во странство додека не порасне доволно и да сфати. Тогаш ќе му ја кажеме вистината, вели гордиот дедо.