понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home Живот и стил

Фитнес тренерот Борче Давчевски нуди тренинг со шишиња вода за топење на калориите по првомајските празници (ВИДЕО)

КУРИР направи мини интервју со професионалниот фитнес тренер Борче Давчевски од Скопје кој за време на првомајските празници и викендот додека луѓето се затворени во своите домови нуди интересни и секојдневни вежби за „топење“ на првомајските калории.
Фитнес тренерот Борче Давчевски нуди тренинг со шишиња вода за топење на калориите по првомајските празници (ВИДЕО)

Како да не губат надеж луѓето додека се во самоизолација и дали вежбањето тука може некако да влијае?

-Во вакви вонредни ситуации на светско ниво како моменталната сосема нормално е луѓето да се чувствуваат депресивно и безволно. Меѓутоа секогаш треба да се гледа на посветлата страна, верувам дека сите добро се одморивме од бурното секојдневие во изминатиот период. Научно е докажано дека со вежбањето нашето тело го лачи хормонот ЕНДОРФИН кој што го подобрува расположението, помага во превенција од депресија и анксиозност, а исто така помага во зголемување и одржување на нивото на самодоверба. Честопати овој хормон го нарекуваат „природна дрога“.

Дали митот дека доручекот е „НАЈВАЖЕН“ оброк во текот на денот е вистина?

-Ухх… ова прашање отвара доста полемики, некој професионалци би рекле дека е тој најважниот, други би го рекле сосема спротивното, меѓутоа од лична гледна точка моите оброци не ги делам на „важни и помалку важни“. Моето утро започнува со чаша млака вода ,црно кафе и банана . Комбинацијата на кофеин заедно со сложените јаглени хидрати од бананата ми даваат доволно количество на енергија за да го започнам денот со леснотија. Би рекол дека оброците неможат да се унифицираат и да еден начин или режим на исхрана е „НАЈПРАВИЛЕН“. Мој совет е секоја индивидуа да се обиде да си го пронајде својот баланс помеѓу исхраната (или да се обрати кај професионалец), секојдневниот ритам на живот/обврски и вежбањето. Одбирањето на квалитетни макро и микро нутриенси во исхраната би рекол дека е суштински „НАЈВАЖНОТО“.

 

View this post on Instagram

 

” Know your enemy and know yourself and you can fight a hundred battles without disaster. ” *Sun Tzu

A post shared by *il professore * (@borcedavcevski) on

Колку пати неделно/дневно е доволно да му посветиме внимание на своето тело наместо да лежиме во омилената позиција покрај телевизорот?

-Најмалку 3 пати неделно вежбање би рекол дека минимум за оптимално психофизичко здравје. Па дури и додека лежиме на кревет покрај телевизорот можеме да извежбаме неколку вежби за да го размрдаме телото.( стомачни на пример) Како што напоменав и претходно доволно е само да се има желба и волја за вежбање и целиот наш дом може да послужи како фитнес центар во вакви вонредни ситуации.

Дали е возможно ФИТ тело во домашни услови и што е потребно за да се одржи фит физичка форма додека трае карантинот?

-Апсолутно е возможно. За фит тело потребно е само желба, цврста волја и упорност. Постојат прекрасни „Body weight“ за кои што немаме потреба од никакви реквизити ,меѓутоа доколку сакате тренингот да го направите по разновиден доволно е малку да ја разбудите креативноста во себе и секој предмет што го имате дома да стане несекојдневен фитнес реквизит.

Кои вежби им ги препорачувате за да го одржуваат своето тело здраво?

-Во продолжение неколку „Body Weight“ вежби + Бонус вежби со еден несекојдневен реквизит (шишиња со вода). Тренигот адаптирајте го соодветно со вашите физички можности, уживајте во него и бидете креативни, верувам дека и сами ќе можете да си измислите супер интересни вежби за целото тело.

 

View this post on Instagram

 

“Quarantine body weight + plastic bottles training “

A post shared by *il professore * (@borcedavcevski) on

Коронавирус