сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

Фикусот дома ќе ве заштити од немаштија, но овие работи треба да ги знаете за вие да го заштитите него

Фикусот дома ќе ве заштити од немаштија, но овие работи треба да ги знаете за вие да го заштитите него

Омилената куќна билка на многумина – фикусот, според Фенг Шуи носи многу среќа, здравје и благосостојба во домот.

Сепак, важно е и каде ќе биде поставена оваа билка во домот. Според древната кинеска техника, треба да биде на југоисток од станот. Носи среќа, мир и хармонија во домот.

Се смета дека штити од немаштија и носи пари.

Држете го далеку од североисток, југозапад и централните делови на станот или куќата.

Собниот вид Ficus elastica е поим за современа лисната декоративна билка. Тој е и најстар претставник од овој род. Собниот Фикус расте брзо и е прилично високо растение. Листовите му се дебели и кожести, што значи дека ќе треба редовно да му ги бришете. Фикусот сака топлина, но не директна изложеност на сонце. Во природни услови тој може да порасне и до 30 метри.

Совети за одгледување собни растенија – Фикус

Фикусот сака светло место, но не изложувајте го директно на сонце. Ако го поставите на темно место, ќе расте бавно, па може дури и да угине. Оптимална температура за негов раст е 18-25 степени Целзиусови.

За време на зимата сака постудено и влажно место, па во зимските месеци налевајте го еднаш неделно, а во лето два пати недело.

Додека е младо треба да му поставите некоја потпора бидејќи ќе се развие на криво.

Размножувањето може да го правите со резанки од стеблото (10-20 см), со тоа што може да ги поставите во вода на температура од околу 20 степени и откако ќе пуштат коренчиња, да ги пресадите во земја. Исто така може да искористите резанки од листовите.

Коронавирус