петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Живот и стил

Еве зошто грешите доколку пиете ладна вода од фрижидер – ова многу лошо влијае на вашиот организам!

Еве зошто грешите доколку пиете ладна вода од фрижидер – ова многу лошо влијае на вашиот организам!

Она што во последниве недели го бараме е ОСВЕЖУВАЊЕ. Без разлика на климатизираната просторија, многумина бараат и додатно освежување како што е ладен туш и чаша ладна вода од фрижидер.

Еве зошто на овој начин сте направиле грешка и како ладната вода всушност влијае на организмот.

Го успорува варењето
Ладната вода, како и сите ладни напитоци како што се сокови, шејкови, газирани пијалоци и слично влијаат на собирање на нашите крвни садови. Тоа не би било толку страшно доколку во тој случај варењето на храна која претходно сме ја јаделе не е ограничено и отежнато, а и самата хидратација на телото е поспора.

Помалку енергија
Кога пиеме ладен пијалок, нашето тело спречува апсорпција на хранливи материи кои ни даваат енергија. Во тој случај, нашето тело ја користи својата застојана енергија за регулирање на температурата во самото тело, иако сметаме дека адекватно сме ја ладиле и сме му помогнале. Ова однесување може да доведе до намалување на нивото на водата во телото, што е сосема спротивно од она што сакаме да го постигнеме.

Предности на топла вода:
– Чаша вода со умерена температура, ја подобрува и забрзува хидратацијата на телото. После тоа, вашето тело не троши дополнителна сила и се чувствувате далеку посвежи.

– Исто така се стимулираат природни ензими за варење на храната, така што потребната енергија се ослободува во организмот. Храната што ја јадевте е многу полесна за обработка и не создава чувство на тежина во стомакот.

– Експертите советуваат секое утро да пиете чаша млака вода со неколку капки свеж лимон за да бидете подготвени за сите предизвици што следат.

На почетокот може да биде тешко да ја замените ладната вода со топла, но по краток временски период во текот на кој сте ја направиле оваа замена, ќе забележите бројни позитивни промени во себе.

Коронавирус