недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Живот и стил

Еве како да го ублажите убодот од комарец и чешањето

Еве како да го ублажите убодот од комарец и чешањето

Доколку обидите да ги избркате со разни апаратчиња и спрејови не ви успеат, и сепак завршите со убоди од комарци по телото, овие неколку совети ќе ви ја олеснат маката.

Како да го ублажите чешањето и црвенилото, па дури и болката која може да се јави?

1. Топла вода или топла лажица

Течноста која комарците ја вбризгуваат не може да делува при висока температура. Загрејте една лажичка (внимавајте да не се изгорите) или натопете мека крпа со топла вода и ставете ја како облога.

2. Студена вода или мраз

Студената вода и мразот може да ја намалат циркулацијата на крв на местото, па така да го спречат ширењето на течноста. Ова е добар лек доколку имате силна желба за чешање.

3. Лимон

Цитрусната киселина исто така може да ги ублажи симптомите, посебно чешањето.

4. Банана

Излупете една банана и ставете ја кората на кожата, допрена со внатрешната страна. Нека постои барем половина час, а ако може и подолго.

5. Сода бикарбона

Направете паста од малку сода бикарбона и вода. Премачкајте го местото и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете.

6. Паста за заби

Најдобро би било да нанесете паста за заби со ментол и да оставите да се исуши.