недела, 26. септември 2021. Вести денес: 0
home Живот и стил

ЕМОТИВНО: Куче не сака да се раздели од својата почината сопственичка

ЕМОТИВНО: Куче не сака да се раздели од својата почината сопственичка

Марија Изабел Бенитез Чамба од Еквадор починала на 95 години минатиот месец. Семејството и пријателите присуствувале на погребот, а нејзиното куче Бумер одбивало да ја напушти погребната церемонија.

За време на погребот, тоа седнало крај ковчегот и сакало да остане со сопственичката, исто како додека била жива.

-Верноста што постоеше меѓу Марија и нејзиното куче можеше да се види, изјави претставникот на погребалната компанија за тамошните медиуми.

Бумер бил присутен и во поворката која го придружувала ковчегот до гробиштата.

-Тој скокна кај телото, како да велеше „Сакам да се збогувам со мајка ми”. Извонреден пример за верност!, рече претставникот.

На Бумер очигледно му било скршено срцето, а големата љубов кон Марија била видлива за сите. (МИА)

Коронавирус