четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 126
home Живот и стил

Експлозија од емоции: Мајка го раѓа своето шесто дете во ходникот на болницата (ФОТО)

Моментот на породувањето го овековечи Тами Карин со фотографии кои брзо се распространија на интернет.
Експлозија од емоции: Мајка го раѓа своето шесто дете во ходникот на болницата (ФОТО)

Оваа мајка која има пет ќеркички, својот син го роди пред да стигне до породилната сала.

Со помош на сопругот, таа се породи во ходникот од болница во Америка.

Моментот на породувањето го овековечи Тами Карин со фотографии кои брзо се распространија на интернет.

Бебето Маквел се роди во добра здравствена состојба.

-Само што влеговме во вратата, му реков: „Тревис, време е. Тој е тука“. Ги спуштив панталоните бидејќи чувствував дека моето тело ја турка надвор главата на бебето. Посегнав и можев да почувствувам како неговата глава се спојува со мојата рака. Го погледнав мојот сопруг и му реков: „Мораш да го фатиш“. Без двоумење тој го направи токму тоа. Турнав само еднаш и моето тело го направи останатото. И тој беше таму, токму таму на подот од одделот за итна помош, објаснила мајката Џес Хоган.

 

Коронавирус