четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Живот и стил

Експертите загрижени: Многумина ја прават оваа грешка при користењето на маски

Експертите загрижени: Многумина ја прават оваа грешка при користењето на маски

Кога ја ставате маската под носот, навистина не се заштитувате, а проблемот што ги загрижи експертите ширум светот е начинот на кој луѓето користат маски.

Може да се претпостави дека некои луѓе носат хируршки маски за еднократна употреба повеќе од еднаш или дека не ги перат повеќекратните после секое носење, но истражување спроведено во Америка покажа дека ситуацијата е полоша отколку што се мислеше.

Истражувањето е спроведено од технолошката компанија „Ливингвард“, а резултатите се шокантни – 80 проценти од испитаниците не ги перат маските по секоја употреба, 43 проценти ги перат еднаш неделно, а 8 проценти воопшто не ги перат!

Кога станува збор за носење заштитни маски за еднократна употреба – дури 68 проценти од учесниците во истражувањето ги носат повеќе од еднаш.

Овој третман ја поништува заштитата обезбедена од маските и создава контра-ефект, влажната ткаенина може да биде почва за бактерии и разни вируси можат да се акумулираат на неа.

Потребно е редовно да се менуваат маските и да се одржуваат чисти, во спротивно тие немаат апсолутно никаква функција, освен да создадат илузија дека сме заштитени.

Коронавирус