сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 59
home Живот и стил

Експертите пресудија: Ова се трите најдобри билки за секој дом

Експертите пресудија: Ова се трите најдобри билки за секој дом

Ако сте личност која ќе купи билка само затоа што истата ви се допаѓа, ова не с енајдобри вести за вас, бидејќи не сите видови успеваат во исто опкружување.

Една од причините за тоа е тоа што вашиот дом, односно просториите во истиот, се исполнети со различен извор на светлина.

Експерите од Home Advisor издвоиле три билки кои може да се прилагодат на вашите животни простории.

Бршленот е идеален за вашата бања, бидејќи го влажни и прочистува воздухот од токсични честички што е особено добро за претстојниот зимски период. Оваа билка бара не многу светло место, свеж и влажен воздух и редовно полевање. Поради тоа е одлична за во бањата.

Фикус бенџамин ги отстранува токсините и го зголемува нивото на кислород, па поради ова добро е да биде во вашата спална соба.Освен ова има и интересен изглед и лесно се одгледува. Оваа билка се чува на под, па избегнувајте ја доколку имате одно греење.

Дрвото жад симболизира среќа, па се препорачува да го чувате во ходник каде ги пречекувате луѓето кои влегуваат во вашиот дом. Билката може да порасне и до метар и половина. Според фенг шуи оваа билка носи пари и привлекува енергија на богатства.

Коронавирус