петок, 14. август 2020. Вести денес: 125
home Живот и стил

Џиновски астероид се движи кон Земјата, нема начин со кој луѓето би можеле да го спречат ударот

Џиновски астероид се движи кон Земјата, нема начин со кој луѓето би можеле да го спречат ударот

Џиновски астероид се движи кон Земјата и многу веројатно е дека нема начин со кој луѓето би можеле да го спречат ударот, предупреди д-р Џозеф Нут од центарот на НАСА, „Гударт Спејс“ во обраќање на конвенција на Американскиот геофизички сојуз.

– Земјата е релативно неподготвена за удар од ваков астероид, немаме никаква одбрана, ако тоа се случи и тоа ќе биде со размери на оној кој го предизвикал исчезнувањето на диносаурусите. Вакви астероиди наидуваат, да речеме, еднаш во 50 или 60 милиони години. Може да кажеме дека сега е времето за такво нешто, рече Нут.

Се смета дека диносаурусите изумреле пред околу 66 милиони години, по удар на астероид широк 10 километри кој паднал во областа на Мексиканскиот Залив.

Најблиски „средби” со астероид во поновата историја, Земјата имала во 1996 и во 2014 година.

– Доколку астероидот не не одмине, веројатно не би имале доволно време да се подготвиме за ударот. За евентуално уништување на астероидот, би биле потребни барем две вселенски мисии, додава Нут.

Според него, за Земјата има технологија со која можеме да се промени движењето на астероиди од речиси секаква големина.

– Прва задача би била испраќање роботска сонда која би го погодила астороидот, а следната мисија би била споредна и би вклучувала „гравитациски траектор“, односно вселенски брод што ќе лета до астероидот и ќе го поттурнува подалеку од Земјата со помош на гравитација, објаснува натаму научникот.

Тој нагласува дека таквата стратегија веројатно ќе функционира на астероиди со широчина до 400 метри.

– За поголеми астероиди би биле потребни неколку удари со сонди, заклучи Нут.

Коронавирус