недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 23
home Живот и стил

Двајца патници загинаа при пад од авион: Немале билети па се криеле кај тркалата

Двајца патници загинаа при пад од авион: Немале билети па се криеле кај тркалата

Лет од еквадорскиот град Гвајакил до Њујорк вчера беше откажан откако двајца патници загинаа при пад од авионот додека тој се уште бил над пистата.

Се претпоставува дека двајцата мажи биле патници без билет, кои паднале од делот кај тркалата на авионот.

– Нам ни е многу жал за инцидентот на аеродромот Гвајакил и испраќаме сочувство до семејствата. Работиме со властите и се надеваме дека настанот наскоро ќе биде расчистен, изјави Мануел ван Орт, извршен директор на „Латам” Еквадор.

Идентитетот на загинатите се уште не е соопштен, а истрагата е во тек.

Коронавирус