недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Живот и стил

Два пати го освоила Килиманџаро, а има само шест години (ФОТО)

Два пати го освоила Килиманџаро, а има само шест години (ФОТО)

Шестгодишното девојче Ешлин од Велика Британија, станала најмладото женско лице кое дошло до врвот на планината Килиманџаро во Африка.

Подвигот на малата, но силна Ешлин Мендрик, ги воодушевил и искусните планинари. Девојчето одбило било каква помош при искачувањето до висина од 5.895 метри. Инаку, до врвот Ухуру, доаѓаат само две третини од лицата кои тргаат кон него. Толку уживала во качувањето што две недели подоцна, Ешлин повторно се искачила на врвот по друг пат. Таа се надева дека еден ден ќе го освои и Монт Еверест.

Ешлин е од Западен Сасекс и на експедицијата била со својата мајка Викторија и 11-годишниот брат Николас. До врвот пристигнала на 29-ти септември, а истото го повторила и на 13-ти октомври. Првото искачување траело шест дена, а второто пет.

“Ешлин го собори рекордот кој го држеше Монтана Кини од САД, а која минатата година, до врвот се искачила со седум години и десет месеци. Горда сум на своето дете, беше неверојатно искуство”, рекла Викторија, мајка на Ешли.